Кристијан Андреевски, кој неодамна беше избран за нов претседател на Националната боксерска федерација, во денешното гостување на Спортско Радио 90,3 ФМ, ги потенцираше плановите за наредниот период.
„Со големо задоволство ја прифатив понудата да бидам прв човек на македонскиот бокс. Се надевам дека со целата екипа околу мене ќе успееме да ги донесеме посакуваните резултати и да го подигнеме боксот на повисоко ниво. Имам долгорочен план кој верувам дека успешно ќе го реализираме како федерација“ – вели Андреевски.
„До крајот на годинава не чекаат неколку значајни настани, европско, светско, балканско првенство, тука се и отворените турнири. Се надевам дека со добри подготовки ќе успееме да бидеме конкурентни и да освоиме медали. Очекувам со наша темелна работа да создадеме подобри услови за клубовите и секако да привлечеме што повеќе млади лица да се вклучат во боксот“ – нагласи претседателот на Националната боксерска федерација, Кристијан Андреевски, во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ кое може да го проследите на следниот ЛИНК.

