Тенисерката, Бјанка Андреску, нема да ја брани титулата на Отвореното првенство на САД. 20-годишната Канаѓанка која не игра од октомври поради повреда на коленото и воедно поради ситуацијата со „COVID-19“, објави на Твитер дека паузата не и дозволила да се врати во посакуваната форма.
„Минатогодишниот триумф во Њујорк беше главен момент во мојата кариера. Жалам што нема да бидам повторно таму“ -напиша таа.
Покрај Андреску на турнирот нема да се појват светскиот рекет број 1 Ешли Барти, петата на ВТА листата Елина Свитолина и седмата Кики Бертенс.