И покрај одбивањето да платат солидна сума за ангажманот на Маурицио Сари, првите луѓе на Челзи очигледно на крајот попуштија. Како што објави англиски „Експрес“, трансферот на Сари од Наполи на кормилото на Челзи е веќе реалност.
Според информациите на весникот, сепак англискиот клуб извадил 4,5 милиони фунти за да ја плати клаузулата за раскин на договорот на Сари со неговиот досегашен тим. Само прашање на денови е кога Сари ќе биде преставен како нов тренер на „сините“.
Засега, пак, се уште не се знае како лондончани ќе се справат со заминувањето на Конте, кој исто така поради превремен раскин на договорот треба да добие поголема сума на средства.