Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ангеловски без многу промени во составот против Словенија и Полска
    Фудбал

    Ангеловски без многу промени во составот против Словенија и Полска

    risteBy riste03/10/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на играчи кои треба да конкурираат за наста на евроквалификациските дуели против Словенија и Полска  кои се најважни за нашиот национален тим во циклусот за пласман на ЕП 2020.

    Повреден е само Велковски, Барди е неизвесен, па така, Ангеловски се надева дека со останатиот дел од тимот ќе може да им парира на протвниците и да победи против Словенија, а потоа да се надева на позитивен резултат против Полска.

    „Списокот скоро во целост е истиот што беше на претходните натпревари. За жал, Дарко Велсковски не е во состојба да се стави на располагање и затоа отпадна. Во националниот тим се враќаат Ристовски и Тошевски. Бејтулаи нема да го имаме со Словенија, а ги чекаме последните наоди за Енис Барди затоа што тој има повреда на задната ложа. Верувам дека тимот ќе го издржи целиот терет и дека како тим ќе играме. Дуелот со Словенија ќе биде нашето најдобро издание, затоа што за нас ова е многу важен натпревар, но истовремено и дуел во кој ќе уживаме. Самите се донесовме во ситуација да се надеваме на она што ние во спомнавме“, изјави Ангеловски.

    Во однос на нашиот следен противник, селекторот Ангеловски вели:

    „Ирелевантно е да зборуваме пред меч кој е подобар, најважно е кој ќе победи. Може да победиме само ако сме како тим и ако играме како што знаеме. Не би можел да кажам како ќе изгледаме засега, дали ќе играме со четири во одбрана или ќе останеме исти. Словенија сите мечеви ги одигра со истите фудбалери. Истото и јас го практикувам. Менуваме само кога имаме повредени. Имаме неколку системи на игра кои во изминатите години ги користевме на натпреварите. Словенија е национален тим што има голман како Облак, лидер како Иличиќ, но очекувам една рамноправна битка, за секоја педа на теренот. Но јас верувам во овие фудбалери“, додаде селекторот.

    Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра на 10 октомври на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Првиот собир на националниот тим е закажан за 7 октомври, а првиот тренинг е од 18:00 часот истиот ден.

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Олимпик Марсеј се интересира за поранешниот тренер на ПСЖ

    25/09/2023

    Артета не е задоволен со освоениот бод

    25/09/2023

    Покетино не чувствува притисок по лошата серија

    25/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Олимпик Марсеј се интересира за поранешниот тренер на ПСЖ
    • Одржана комеморација за Александар Стиков
    • Емил Павлов за Спортско радио 90.3 фм: Мојот сон е да станам светски шампион
    • АТП/ВТА: Калин во пад за две места, Лина скокна исто толку позиции
    • Бањаја откри дека имал проблем со сопирачките
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.