Денеска точно на пладне во хотелот „Парк“ во Скопје, е закажан собирот на нашите најдобри фудбалери. Селекторот Игор Ангеловски, денеска ги очекува репрезентативците полека да се комплетираат во Скопје, по што ќе почнат мини-подготовките пред заминувањето за Израел, каде на 5 септември (четврток) го играме првиот од двата престојни квалификациски дуели.
По гостувањето во Бер Шева против Израел, нашата репрезентација ја очекува и гостување во Летонија, каде на 9 септември играме со тамошната репрезентација во циклусот квалификации за ЕП 2020.
По собирот нашите репрезентативци во 18:30 часот, ќе одржат тренинг на теренот на ФФМ.