Македонскиот фудбалски селектор, Игор Ангеловски, пред утрешниот меч со Полска во квалификациите за ЕП, изјави, дека можеме да се избориме за поволен резултат на теренот во Варшава иако максимално го респектираме противникот.
„Ние утре ќе играме за нашата земја, за себе. Знам дека момците повторно ќе го дадат максимумот за да дојдеме до посакуваното. Се соочуваме со проблеми како и пред мечот со Словенија. Има повредени фудбалери па затоа до последно ќе го очекувам лекарскиот извештај за да видам кој ќе може да игра“- истакна Анегловски на официјалната прес-конференција
„Стефан Ристовски, Адеми и Алиоски, се соочуваат со повреди но, знаат дека може да бидат дел од историскиот момент кој го посакуваме“ – потенцираше Ангеловски.

