Турските медиуми утрово пишуваат дека по разделбата со Емре Белизоглу, бројот на кандидати за нов тренер на екипата на турскиот гигант Фенербахче се стесни на само три имиња. Управата на Фенербахче направила разговори се многу кандидати, но само тројца влегуваат во завршни преговори.
Еден од нив е и екс-електорот на Македонија, Игор Ангеловски.
Негови противкандидати се и Марко Силва, човек кој последно беше на менаџерските места во Ватфорд и Евертон, како и некогашниот тренер на Динамо (З), Ненад Бјелица.
Фенербахче ќе го објави својот нов тренер, по конечната одлука која се чека од страна на претседателот Али Коч.

