Ангеловски е задоволен со потегот на УЕФА

0

Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Игор Ангеловски, ја поздрави одлуката на УЕФА да има по 26 играчи во ростерот на претстојниот Евро-шампионат или тројца повеќе од претходните собири.

„Олеснување е промената со 26 фудбалери бидејќи ни дава три други опции за секој случај. Јас сум кажал дека фудбалерите што го обезбедија пласманот на Европското првенство имаат предност“ – потенцираше Ангеловски.

Селекторите треба да го испратат конечниот список на фудбалери до 1 јуни.

Share.

Leave A Reply