Македонскиот селектор, Игор Ангеловски, верува дека може да се постигне добар резултат на воведниот меч против Австрија на Европското првенство.
„ Знаеме дека сите не гледаат за аутсајдери, но, тоа не ни пречи, напротив. Не мотивира. Подготвени сме максимално и верувајте влегуваме со 100% од силите“ – потенцираше Ангеловски.
„Ја користам приликава да му се заблагодарам на Горан Пандев и на момците што го направија овој успех и што не доведоа во ситуација да сме дел од ЕУРО. Треба да се гордееме “ – изјави меѓу другото нашиот селектор пред утрешниот меч со Австрија во Букурешт кој ќе започне во 18.00 часот.

