Македонската фудбалска репрезентација во Рига ја одржа прес-конференцијата пред утрешниот квалификациски дуел со Летонија. Селекторот Игор Ангеловски најави дека очекува победа, но истакна дека мора да се има респект за секоја селекција.
„Притисок има пред секој меч, тоа што влегуваме како фаворити е само доказ дека со три бода можеме да влеземе во интересен финиш во овие квалификации, со шанси да се вклучиме во игра за висок пласман. Ова да бидат квалификации во кои нема да бидеме епизодно, туку сериозен претендент за местата кои носат на Европско првенство“, изјави Ангеловски.
Според последните информации од Рига, поради повреда заработена на тренингот не се знае дали Елиф Елмас ќе може да биде стартер.