Македонската фудбалска репрезентација ја направи најголемата сензација во својата фудбалска историја со победата над Германија во Дуизбург со 2:1.Нашите репрезентативци одигра одличен натпревар и со головите на Пандев и Еламс ја шокираа Германија на нивен терен. По мечот своето задоволство не го криеше ниту селекторот Игор Ангеловски,
„Моите фудбалери се изборија за овој историски успех. Победивме четирикратен светски и трикратен европски шампион кој имаше 20-годишна традиција без пораз. Кој, ако не ние, односно нашите фудбалери не ја срушат таа традиција. Тие се нашите спортски херои, тоа се истите кои ја кренаа на нозе нацијата по пласманот на Европското првенство. Радувај се Македонијо и слави ги овие херои. Сè уште не сме свесни што направивме“ – потенцираше Ангеловски.
„Оваа победа сакам да ја посветам на мојата сопруга, која беше хоспитализирана во една од приватните клиники, со тешки симптоми од Ковид-19. За среќа, пред два дена беше пуштена дома и затоа оваа победа ѝ го посветувам нејзе и на моите деца Лука и Луна“ – истакна селекторот.

