Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Игор Ангеловски даде свој коментар на противниците кои ги добивме во квалификациите за СП 2022 година. Тој вели дека Германија е апсолутен фаворит, а останатите репрезентации рамноправно ќе се борат за второто место. Ангеловски смета дека групата е доста изедначена и ќе биде интересно на пресметките меѓу екипите кои ќе се борат за втората позиција.
„Можам да кажам дека добивме една интересна група, во која Германија е апсолутен фаворит. Сите останати – Романија, Исланд, Македонија и Ерменија, можат рамноправно да се вклучат во битката за второ место. Мислам дека Македонија со целиот свој квалитет кој го покажа досега може рамноправно да се вклучи во борбата за второто место и во една ваква силна конкуренција да го покажаеме својот квалитет. Никогаш не сме играле со Германија, натпреварите со оваа селекција ќе бидат вистиско уживање за љубителите на фудбалот во Македонија, а за нас еден голем предизвик да се надигруваме против еден таков гигант и да се преставиме во одлично светло“ истакна селекторот Игор Ангеловски во изјава за Спортско радио 90,3 ФМ.
Ангеловски кој има договор со ФФм до крајот на оваа година, односно 31.12.2020 година, исткана дека сеуште нема разговарано со раководството на ФФМ на тема, продолжување на соработката.

