Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе ги повика за престојните средби со Израел и Летонија во рамките на квалификациите за ЕП 2020 година. Во изборот се најдоа проверени сили, но и едно ново име во нападот.
Станува збор за новото засилување на француски Нил, Влатко Стојановски, кој ќе добие шанса во дресот со националниот грб.
Македонија на 5 септември гостува во Бер Шева против Израел, додека на 9 септември и гостуваме и на Летонија.