Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ангеловски: Ја остваривме целта, победивме и ги зачувавме силите за Ерменија
    Фудбал

    Ангеловски: Ја остваривме целта, победивме и ги зачувавме силите за Ерменија

    risteBy riste07/09/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Нашата фудбалска репрезентација ја исполни својата цел, а селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски е задоволен од постигнатото на првиот натпревар.

    По натпреварот со Гибралтар на официјалната прес-конференција Ангеловски изјави:

    „По она што дојдовме, го остваривме. Почнуваме со три бода и со победа на стартот. Како што се договоривме, брзо отворивме и потоа заштедивме сили за мечот со Ерменија. За три дена имаме тежок натпревар и моравме да мислиме и на тој дуел. Пандев е многу важен фудбалер во нашата селекција, во неделата играше цел натпревар за Џенова, па токму затоа одлучив да го заштедам. На полувреме се договоривме да не се трошиме, со посед на топка да не му дозволиме на противникот да се закани. И минатиот циклус против Лихтенштајн имавме ваков пристап и момците верувам дека против Ерменија ќе го валоризираат овој триумф. Мислам дека ниту еден удар не ни упатија кон голот. Од овој момент ќе започнам да го анализирам натпреварот Ерменија – Лихтенштајн. Уште сега апелирам нашите навивачи да ни дадат поддршка в недела на натпреварот со Ерменија во Скопје“ изјави Ангеловски.

    Македонската фудбалска експедиција денес треба да допатува во Скопје каде ќе се подготвува зе мечот со Ерменија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.