Денеска во 12 часот, во хотелот „Гранд Плаза“ е закажан собирот на нашите најдобри фудбалски репрезентативци. Во пресрет на квалификациските дуели за ЕП, селекторот Игор Ангеловски го очекува пристигнувањето на 23 фудбалери кои се повикани во националниот тим.
Некои од нив ќе стигнат нешто подоцна, и ќе бидат на првиот тренинг кој ќе се одржи попладне во 18:30 часот на терените на ФФМ. Само Столе Димитриевски најави дека нема да го одработи првиот тренинг, неговото доаѓање се очекува доцна навечер.
Македонија на 21 март дома ќе се ги одмери силите со Летонија, а на 24 март пак ќе и гостува на Словенија. Ова се првите два меча од „Г“ квалификациската група за пласман на ЕП 2020 година.