Нашите најдобри фудбалери утре од 15.00 на Арената во Скопје ќе излезат на мегдна со Ерменија на стартот на нвоото издане на Лигата на Нации. Селекторот, Игор Ангеловски, вели дека подготвките се одвиваат под специфични околности со оглед напандемијата и дека неговите избраници се подготвени дас одговорат на обврските.
„Утре ќе истрчаат на терен тие што се најподготвени и кои ќе ни ја донесат посакуваната победа. Ерменија дојде со комплетно нов состав и со нов селектор. За нас остануваат амбициите за прво место во групата, без разлика на тоа што во октомври не очекува важен натпревар со Косово од полуфиналето на баражот за пласман на ЕП“ – потенцираше Ангеловски.

„Минавме низ тежок период поради корона кризата, но, нема алиби и одиме максимално на победа. Ќе ни недостасува публиката, но, мора да ги прифатиме тие услови“ – потенцираше Стефан Ристовски на денешната средба со новинарите.

