Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ангеловски: Мечот со Ерменија е најважниот за нас во групата
    Фудбал

    Ангеловски: Мечот со Ерменија е најважниот за нас во групата

    risteBy riste08/09/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација по стартната победа на гостувањето кај Гибралтар сега ја чека домашен меч во Лигата на нации против главниот ривал за првото место, Ерменија. На денешната прес-конференцијата, селекторот Игор Ангеловски истакна дека овој дуел е од голема важност за нашиот национален тим во ова натпреварување.

    „Како што кажав и пред ждрепката, победникот во оваа Лига Д во нашата група ќе се бара меѓу нас и Ерменија. Мислам дека доволно добро ги анализиравме и потполно спремни ќе влеземе во мечот. Очекувам да забележиме позитивен резултат кој ќе ни даде предност пред реваншот во Ереван“, изјави селекторот Ангеловски.

    На мечот со Ерменија, нашите репрезентативци ќе имаат против себе двајца добропознати фудбалери – Тигран Барсегјан, кој настапува за Вардар, како и Хофханес Хамбарџумјан, кој претходно настапуваше за истата екипа.

    „Не ги делам фудбалерите на поединци, туку гледам во целост на тимот. Барсегјан и Хамбарџумјан играа во Македонија, заедно со Фелипе се најдобрите странци што играле во нашата земја. Но, сега ќе бидеме на спротивни страни. Мене ми е важно како ќе функционира мојот тим. Ако функционираме како претходно, не гледам причина зошто да не го добиеме овој меч“, додаде селекторот на нашата репрезентација.

    Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија се игра на „Филип Втори“ Арената, од 18:00 часот. Билетите се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на „МКТикетс“ и чинат 100 и 150 денари.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното

    01/04/2023

    Барса излезе со соопштение

    01/04/2023

    Шпанецот го советува Сака

    01/04/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Квартараро има проблеми со моторот
    • Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното
    • Барса излезе со соопштение
    • Шпанецот го советува Сака
    • Германецот ќе остане во Бенфика
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.