Македонската фудбалска репрезентација остана непоразена и на вториот квалификациски меч од циклусот за ЕП 2020. Селекторот Игор Ангеловски на прес-конференција по мечот истакна дека не е задоволен само од резултатот, и дека Македонија била подобра од противникот на теренот.
„И пред почетокот реков се што ќе биде над три бода е добро за нас. На ваква игра требаше да победиме. Не сум задоволен само од резултатот. Доказ дека имаме квалитет се многуте шанси кои ги имавме. Барем една од тие да погодевме, ќе победевме вечерва. Сметам дека нерешено не е реално, ние бевме подобри. „Ремито“ е добро за Словенија“, изјави Ангеловски.