Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната Арена ги почна подготовките за двомечот со Ерменија и Грузија на стартот на новото издание на Лигата на Нации. Селекторот Ангеловски, ги сподели своите очекувања за дуелите, особено по долгата пауза која ја имаше нашата селекција.
„Заедништвото не краси во репрезентацијата и тоа заедништво ни ги донесе оние резултати од минатите натпревари. Очекувам наше максимално издание, без разлика на ситуацијата и без разлика на моменталната форма. Кога се игра за репрезентацијата мора да се даде максимумот. Не се сомневам дека така ќе биде и на овие два меча. Сите мисли ми се насочени кон мечот со Ерменија, да влеземе мотивирано и да почнеме со победа и три бода. Тоа ќе биде и одлична шанса што поподготвени да го дочекаме оној меч со Косово. Секој поединец, без разлика во каква форма е, мора да го даде максимумот. Тоа го барав и досега, тоа ќе го барам и на секој следен меч. Имаме одличен квалитет и оние кои се најподготвени во моментов ќе настапат на овие дуели“, вели Ангеловски.

