По ждрепката во Амстердам, своја изјава за новата група во Лигата на нации даде и селекторот Игор Ангеловски.
“Најискрено во овој момент сите мисли и целата концентрација ни е насочена кон натпреварот со Косово. Но, бидејќи веќе ги добивме противниците за новото издание од Лига на нации, согласно нашиот квалитет и прикажаните игри и резултати во изминатиот период, целта на Македонија ќе биде борба за првото место. Во минатите квалификации многупати покажавме дека рамноправно се носиме со било кој противник, а така ќе биде и овој пат. Одиме да го освоиме првото место во групата”, вели Ангеловски.
За квалитетот на ривалите, нашиот селектор додаде: “На хартија противниците не се атрактивни, но секако поседуваат квалитет. За мене е важно што ние не стравуваме од никого и на секој натпревар ќе одиме на три бода”.

