Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, по мечот со Грузија синоќа, го истакна карактерот на оваа репрезентацијата како пресуден фактор за ремито синоќа.
„Овој меч покажа дека Македонија никогаш не се предава, и со играч помалку се вративме, и по којзнае кој пат покажавме карактер. Едно големо браво за сите кои се дел од репрезентацијата. Не е лесно да се играат три меча по ред. Со аналгетици, со повреди, со лекарски интервенции. Ние нашето го направивме, сега следува оној главен меч против Грузија, а потоа ќе му ја мислиме за Лигата на Нации“, рече Ангеловски.

