Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Игор Англовски, вели дека Австрија која има повеќе играчи од Бундес –лигата е крајно борбена селекција која негува дуел игра и многу движење на теренот.
„Треба да го задржиме добриот ритам на игра како што беше со Полска, Летонија и Словенија иако не го направивме тоа што го посакувавме. Се надевам дека со Австрија ќе освоиме бодови, немам намера да се откажам од нашиот стил на игра“ – вели Англовски.
„ Австрија има квалитет, имавме можност да го анализираме натпреварот со Словенија во кој ги освоија бодовите. Делуваат добро како тим иако имаат и одлични поединци“ – вели Ангеловски пред утрешниот меч од 20:45 часот на Арената „Тоше Проески“ кој ќе може да се следи и на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.