Селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, посакува победа на утрешниот меч со Израел за да се задржи позитивна атмосфера во тимот.
„Фудбалерите заслужија да завршат како трети во групата. Ние одиме на победа а колку ќе биде доволна ќе видиме, треба Полска да ја победи Словенија“ – вели Ангеловски.
„Треба да влеземе тактички и психофизички подготвени. Мене ме интерсира само нашата игра“ –потенцираше нашиот селектор.

