Нашата најдобра фудбалска репрезентација во наредниот период ја очекуваат последните два врзани меча од квалификациите за ЕП против Австрија ( гости) и Израел (дома). Селекторот, Игор Ангеловски, најави дека на двата дуела ќе атакуваме на победа.
„Со Австрија нема да играат Несторовски, Муслиу, Николов но, ќе ги имаме Барди и Велковски. Повикани се Ѓорѓев и Аврамовски кои се во добра форма. Не ни е сеедно како ќе заврши мечот во Виена. Се наоѓаме во ситуација да мора да размислуваме и за полу-финалето на Лигата на Нациите против Косово“ – изјави Ангеловски.
Македонија в сабота од 20.45 прво гостува кај Австрија во Виена а потоа на 19 во Скопје ќе му биде домаќин на Израел.
