Селекторот на нашите најдбри фудбалери, Игор Ангеловски, пред мечот со „панцирите“ во Дуизбург, вели дека Германија не е само фаворит против нас туку и на сите Светски и Европски првенства.
„Не ни треба посебна мотивација. Играме против поранешен светски шампион. Македонија е подготвена да се надигрува иако тоа ќе биде нашиот трет меч во седум денови“-потенцираше Ангеловски.
Средбата Германија –Македонија од 3 коло во квалификациите за Мундијалот во Катар ќе биде одиграна утре од 20.45 часот.

