Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски по денешната ждребка по која се знае дека Македонија нема да биде евентуален домаќин на финалето во Лигата на нации кратко даде свој коментар.
„Ждрепката не беше на наша страна, финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар. За нас најважен е тој натпревар со Косово каде што треба да бидеме максимално подготвени. Што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде се игра бидејќи мотивите се огромни. Или, ако немавме среќа на извлекувањето, очекувам да имаме среќа на самите натпревари“, изјави Ангеловски.
Македонската селекција најнапред ќе треба да го помине косово, а потоа да игра против подобриот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија. Интересно е тоа што никогаш не сме играле со Косово и Грузија, а има негативен меѓусебен скор со Белорусија.