Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Игор Ангеловски, очекува сигурна победа на утрешниот меч со Гибралтар во последното коло во групниот дел во Лигата на нации. Мечот ќе биде одигран на Арената во Скопје.
„Противникот главно игра дефанзивно, Ние мораме да победиме и да го потврдиме првото место во групата. Пандев сигурно ќе ни недостасува, но тимот треба да одигра за него. Воопшто не размислувам на плеј-офот и можниот противник“ – вели Ангеловски.
„Можеби на дел од мечевите не играме добро, но, победуваме а тоа е најзначајно. Сакам да го „отвориме“ Гибралтар уште во почетокот. Ќе мораме да бидеме агресивни и да играме без нервоза“ – нагласи нашиот селектор.
