Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ангеловски: Во главата ни е само утрешниот натпревар
    Фудбал

    Ангеловски: Во главата ни е само утрешниот натпревар

    sasoBy saso15/10/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација со оптимизам го очекува утрешниот натпревар против Ерменија во Ереван во четвртото коло на Лигата на Нации. Со три победи од толку одиграни натпревари Македонија е лидер во групата, а во пресрет на последните три меча потребен е само бод за да се потврди првото место и пласманот во полуфиналето на Д Лигата.

    „Ние се подготвуваме за утрешниот натпревар, но знаеме дека Ерменците се добар национален тим. По поразот од Гибралтар веројатно ќе бидат лути да реагираат против нашата селекција. Многу далеку е Европското првенство и не мислиме на таа шанса. Во главата ни е само утрешниот натпревар и можноста да извојуваме позитивен резултат. Сите фудбалери се здрави и спремни и тоа ме радува. Нема да го потцениме противникот, верувам дека ќе бидат лути и мотивирани утревечер. Ова не е натпревар со ривалите во нашата група, туку со сите останати. Мора да размислуваме како да е 0-0 и да имаме ист број на бодови со Ерменија. Само така можеме да извадиме максимум. Не смееме да ги потцениме, тоа би било погубно. Играчите и тактичката поставеност ни се познати, ќе одговориме на било која нивна формација”,  изјави селекторот Игор Ангеловски на официјалната прес конференција пред натпреварот со Ерменија.

    „Ерменија располага со квалитетна селекција, знаевме од стартот дека тие ни се најголем ривал во групата. Имаме веќе три победи, но одлично се подготвуваме и верувам дека ќе дадеме максимум за нова победа. Добро ја анализиравме Ерменија, ја видовме на првиот натпревар во Скопје. Тогаш добро се подготвивме и заслужено славевме”, додаде капитенот Горан Пандев.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Маурисио Покетино потпиша договор со Челзи

    28/05/2023

    Алегри го објави датумот на кој ќе се решава неговата иднина

    28/05/2023

    Челзи е подготвен да го сруши трансфер рекордот на Реал за да го купи Винисиус

    28/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Маурисио Покетино потпиша договор со Челзи
    • Алегри го објави датумот на кој ќе се решава неговата иднина
    • Челзи е подготвен да го сруши трансфер рекордот на Реал за да го купи Винисиус
    • Романо: „Лионел Меси заминува од ПСЖ, донесена е одлука“
    • Алварез може да го напушти Манчестер Сити поради Халанд
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.