Дуелот со Косово е меч на кој не може да си неподготвен. Вака селекторот Игор Ангеловски одговори на првото новинарско прашање, дали Македонија е подготвена за утрешниот предизвик во Лигата на Нации.
“Може ли да се биде неподготвен за овој меч. Сигурен сум дека од нашите репрезентативци на овој меч ќе го видете најндоброто од нив. Овој натпревар Македонија го чека цели 30 години. Условите се невообичаени, но ние ќе се прилагодиме како целиот свет. Ќе одиграме максимално и во овие услови. Кажав дека мора да останеме ладни. Меч како и секој друг. Истиот пристап како и за сите така и за Косово. Имаат добри и лоши страни. Добро знам што можат и дека тоа ќе го сторат. Наша задача е да се подготвиме за секое сценарио. Ова издание во септември и сега се две различити изданија. Првенствата се почнати и сега се е поинаку. Иако капитенот не е 100% подготвен овој меч се игра и на мотивација и на инспирација. Мислам дека ќе го дадеме максимумот. Нијансите се на наша страна, очекувам ние да одиме во финале“, истакна селекторот.

