Македонија славеше против Летонија со 3:1, а по натпреварот задоволството беше присутно и кај селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски кој беше задоволен од тоа што Македонија ги започнува овие квалификации со победа и освојување на три планирани бодови.
„Го остваривме она што го посакувавме и најавувавме, создадовме доволен број на шанси и мораше порано да го решиме прашањето на победникот. Не треба да дојде еуфорија и мора да мислиме на вториот натпревар в недела. Горан заслужи да му честитаме со победа и среќен сум што работам со таков капитен. Им посакувам на многу фудбалери да стигнат до оваа бројка, знам каков талент е Елиф Елмас и му честитам за двата гола. Убаво беше да се гледа како играме во првиот дел. Бевме разиграни, добри додавања и создадовме многу шанси за гол, единствено жалам што не постигнавме трет гол и да го решиме натпреварот порано, но задоволен сум и со овој начин на победа“, изјави Ангеловски по натпреварот.