Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ангеловски: Задоволство е да се работи со овие момци, сега на ред е Полска
    Фудбал

    Ангеловски: Задоволство е да се работи со овие момци, сега на ред е Полска

    sasoBy saso11/10/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, синоќа на прес-конференцијата по мечот со Словенија и победата од 2:1 изјави дека е задоволен од големата победа, но потенцираше дека фокусот веднаш треба да се пренасочи кон Полска.

    „Јас реков дека е задоволство да се работи со овие момци. Благодарност и за публиката која дојде во голем број. И покрај сите проблеми кои ги имавме овие фудбалери изгинаа на теренот, играа еден за друг, заедно сме и кога победуваме и кога губиме. Оваа победа е убава, но се уште ништо не сме направиле. Следниот натпревар го играме кај фаворитот Полска и сега треба да се фокусираме на него. Сега ни се зголемија шансите, но треба да се фокусираме на наредните натпревари. Сега одиме во Варшава, тие се фаворити, но тука одигравме меч каде што докажавме дека можеме да се носиме со нив“, потенцираше Ангеловски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Артета не е задоволен со освоениот бод

    25/09/2023

    Покетино не чувствува притисок по лошата серија

    25/09/2023

    Анчелоти: морав да го заменам Модриќ

    25/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Одржана комеморација за Александар Стиков
    • Емил Павлов за Спортско радио 90.3 фм: Мојот сон е да станам светски шампион
    • АТП/ВТА: Калин во пад за две места, Лина скокна исто толку позиции
    • Бањаја откри дека имал проблем со сопирачките
    • Артета не е задоволен со освоениот бод
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.