Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, е прогласен за најдобар млад играч за 2023 година на доделувањето на „Златната топка“ во Париз.
Поранешниот члена на Борусија Дортмунд има фантастичен почеток кај „кралевите“ откако на 13 натпревари постигна исто толку голови. Последните два донесоа голема победа во „Ел класико“ против Барселона.
„Ви благодарам на сите што ме поддржувате од Бирмингем, преку Борусија Дортмунд и сега во Мадрид. Доаѓа уште повеќе од мене“ – изјави Белингем откако го доби признанието – „Рејмон Копа“.