Четврта година по ред Манчестер Јунајтед е највредниот фудбалски бренд во светот според извештајот на – „Бренд финанси“.
Вредноста на англискиот состав се проценува на 1 милијарда и 551 милиони евра. Веднаш за „црвените ѓаволи“ е европскиот шампион Реал Мадрид со 1 милијарда и 288 милиони евра додека Барселона е на третото место со 1 милијарда и 237 милиони евра.
Тука се издвојуваат и Баерн Минхен со 1.151 милијарди евра, Манчестер Сити 1.090 милијарди евра, Ливерпул со 986 милиони евра и Челзи со 978 милиони евра. Интересно е дека меѓу првите десет на листата нема ниту еден тим од Италија.