Фудбалерите на Англија го прегазија тимот на Иран со 6:2 во првата денешна средба на Мундијалот во Катар.
„Гордиот Албион“ во стартниот меч во групата „Б“, беше супериорен во речиси сите елементи на фудбалот и сосема заслужено ги прокнижи првите бодови. Џуд Белингем го отвори резултатот во 35 минута додека Букајо Сака погоди двапати (43′, 62′). Другите голови за победничкиот состав беа дело на Рахим Стерлинг (45’+1), Маркус Рашфорд (71′) и Џек Грилиш (90′). Двата гола за Иран ги постигна Мехди Тареми (65′, 90’+13′-пенал).
Англија во второто коло ќе игра против САД додека Иранците ќе излезат на мегдан со Велс.