Секој играч на Англија ќе добие меѓу 400.000 и 450.000 фунти доколку го освои Светското првенство. Според Телеграф, играчите на Англија имаат право на бонуси за пласман во секое следно коло на Светското првенство во 2022 година.
Доколку тимот на Герет Саутгејт стигне до финалето и успее да се искачи на светскиот трон, тогаш секој играч ќе добие сума од околу 450 илјади фунти.
Англија денеска ќе ги одмери силите со Сенегал во осминафиналето на Светското првенство во 2022 година.