Фудбалерите на Англија ќе поделат вкупно 13 милиони фунти доколку го освојат Светското првенство во Катар.
Тоа е речиси двојно повеќе од ветено за претходниот Мундијал. Само селекторот на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт, ќе добие бонус од три милиони фунти. ФИФА објави дека шампионот ќе добие 35-ет а вториот учесник во финалето – 25 милиони фунти.
Тие суми ќе бидат уплатени кај федерации кои сами ќе одредат колку проценти ќе пренасочат кон репрезентативците и стручниот штаб.