Екипата на Њукасл која се бори за место во топ 4 во Премиер-лигата а со тоа и за виза за Лигата на шампионите, сака да се засили со Рафиња кој настапува за составот на Барселона.
Богатите сопственици на англискиот тим не се откажуваат од идејата да го ангажираат 26-годишниот Бразилец, кој пак, не е стартер во тимот на Чави.
Рафиња има одиграно 36 мечеви во сите конкуренции. Тој постигна 8 голови и направи 9 асистенции. Се очекува понудата на Њукасл да биде околу 50 милиони.