Астон Вила доцна вечер ќе го пречека ПСЖ во реванш од 1 / 4 финалето во Лигата на фудбалските шампиони. Французите допатуваат со предност од 3-1 која може но, и не мора да биде гаранција за пласман во наредната фаза ако се знае дека составот од Вила Парк победи на домашен терен на десет од последните 12 натпревари под капата на УЕФА.
Што велат прогнозите околу стартните состави. Астон Вила: Мартинез; Кеш, Конса, Мингс, Дигне; Камара, Тиелеманс, Роџерс, Мекгин, Рашфорд, Воткинс. ПСЖ: Донарума; Хакими, Маркињос, Пачо, Нуно Мендеш, Жоао Невес, Витиња, Фабиан Руиз, Дуе, Дембеле, Кварацхелија.
Судија на мечот ќе биде Хозе Марија Санчез од Шпанија кој досега се појави на шест средби во Лигата на шампионите на кои покажа 20 жолти и еден црвен картон.

