Фудбалскиот состав Челзи потврди дека го купил Дејвид Вашингтон од Сантос за 20 милиони евра.
18-годишниот напаѓач потпиша 7-годишен договор но, допрва ќе се знае дали ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ или ќе биде испратен на позајмица.
Во исто време „сините“ најавија дека голманот, Ѓорѓе Петровиќ, ќе дојде во клубот за 14 милиони фунти плус бонуси. Лондончани во текот на летово потрошија 400 милиони за 9 нови играчи.