Во пресрет на денешниот дуел меѓу Англија и Колумбија, медиумите ги објавија имињата на петте фудбалери на „Гордиот Албион“ кои ќе бидат задолжени да учествуваат во евентуалниот пенал рулет доколку средбата дојде до таа фаза.
Селекторот, Герет Саутгејт и претходно изјави дека неговите пулени напорно тренираат изведување на пенали бидејќи не сакаат да им се повтори сликата од претходните големи натпреварувања кога во повеќе наврати беа елиминирани токму по пенал-рулетот.
„Дејли Мејл“ денеска ги објави имињата на петте фудбалери што изразиле подготвеност да шутират од 11-метри доколку мечот со Колумбија заврши без победник во регуларниот дел и во продолженијата. Тоа се Хари Кејн, Киерјан Трипиер, Џеси Лингард, Џордан Хендерсон и Ешли Јанг.