Фудбалерот на Англија, Џордан Хендерсон, во пресрет на денешниот дуел со Хрватска, изјави дека неговата селекција може да оствари уште две победи на Мундијалот во Русија.
„Мислам дека треба да се фокусираме на денешниот меч а не на историјата. Ни претстои исклучително значајна средба а дополнителна мотивација не ни треба“ вели Хендерсон.
„Се обидувам да бидам лидер, но, сакам сите да победуваме како тим. Еден војник на теренот не е доволен. давам се од себе, истото го прават и моите соиграчи. Затоа верувам во успех “, потенцирал Хендерсон.