Англискиот фудбал деновиве испиша историја кога станува збор за меѓународните клупски натпреварувања.
Ливерпул и Тотенхем на 1 јуни во Мадрид ќе играат во финалето во Лигата на шампионите додека Арсенал и Челзи на 29 мај на Олимпискиот стадион во Баку ќе се борат за победничкиот пехар во Лига Европа. Таквиот ефект на Премиер-лигашите досега се нема случено откако се играат европските купови.
Финалето Ливерпул-Тотенхем ќе биде првото меѓу англиски тимови по дуелот Манчестер Јунајтед-Челзи во 2008 година додека во Лига Европа/Куп на УЕФА, последен пат англиски екипи се сретнале во финалето во 1972 година кога Тотенхем го победи Вулверхемптон.