Фудбалската репрезентација на Англија може да излезе со еден од своите најмлади состави во целата фудбалска историја на мечот со Црна Гора денеска во квалификациите за Евро 2020.
На Британците им треба само бод за да обезбедат едно од првите две места во групата и да се квалификуваат за ЕП 2020, а средбата ќе биде посебна бидејќи е 1000-та во историјата на националниот тим.
„Јас сигурно ќе дадам шанса на помладите. Против Шпанија минатата година, избрав еден од најмладите стартни состави, но мислам дека утре ќе биде уште помлад тим“, навести селекторот Саутгејт.
Плејмејкерот на Лестер Џејмс Медисон најверојатно ќе започне како стартер, а за него ова ќе биде деби во репрезентацијата.

