Англија убедливо ја победи Македонија во својот 4-ти натпревар од Квалификациите за ЕП 2024 година. Нашата репрезентација во третиот натпревар на Островот против Англија го доживеа првиот пораз со високи и убедливи 7:0.
Натпреварот очекувано започна со целосна доминација на Англија и првите минути домашана селекција се обидуваше да дојде до предност но Македонија добро се бранеше се до 29.минута кога Рашфорд го проигра Шоу, а овој од левата страна нафрли по земја, на оваа топка натрча Хари Кејн и го соблада Димитриевски за водство на Англија од 1:0. Не се чекаше многу за вториот гол на Англија, по една убава комбинација по десната страна, Волкер го проигра Сака кој беше на неколку метри од нашиот гол и шутираше високо под пречката за зголемување на водството на 2:0 во 39.минута од натпреварот. Маркус рашфорд имаше голема шанса во 43.минута но од непосредна близина шутираше во Димитриевски кој беше добро поставен. Сепак Рашфорд не погреши во 45 минута, Ристовски лошо исфрли топка пред нашиот шеснаесетник, Хендерсон ја освои топката го проигра Рашфорд кој зголеми на 3:0, резултат со кој се замина на одмор.

Вториот дел почна онака како што заврши првиот за нашата репрезентација, Сака уште во 47.минута успеа со еден прекрасен удар да го зголеми водството на Англија на 4:0. Букајо Сака покажа дека е еден од најдобрите играчи на својата позиција и во 51.минута кога рутински со својот трет гол и донесе водство на Англија од 5:0.
На следниот гол на Англија се чекаше до 64.минута кога ппо една нафрлена топка пред нашиот гол, лошо исфрливме, а топката дојде до Калвин Филипс кој и донесе водство на Англија од 6:0. Во 73.минута Бејтулаи направи прекршок во нашиот шеснаесетник, а судијата Ковач веднаш покажа на белата точка, сигурен реализатор беше капитенот Хари Кејн кој зголеми на 7:0.
За наша среќа до крајот на натпреварот Англија не успеа да постигне гол за уште по убедлива победа против Македонија, но секако ова е најубедливиот пораз на Македонија во нашата фудбалска историја.