Британскиот премиер Борис Џонсон потврди дека навивачите ќе можат да се вратат на натпреварите во Премиерлигата од следниот понеделник (17 мај).
Владата на Британија започна да го спроведува третиот чекор во олеснувањето на ограничувањата за време на пандемијата на коронавирусот.
Големите арени ќе овозможат и до 10.000 навивачи на трибините или максимум 25% од капацитетот, а кај малите стадиони ќе биде дозволено присуство на максумум 4.000 навивачи или 50% од капацитетот.
Премиерлигата претходно го премести претпоследното коло на 18 и 19 мај, така што секој клуб може да игра со навивачи на затворањето на сезоната.
На стадионите ќе може да влезат само навивачи од градовите каде што се играат натпреварите.

