Денеска започнуваат полуфиналните пресметки во Конференциската лига на УЕФА. Во битката за трофејот останаа Лестер (Англија), Рома (Италија), Феенорд (Холандија) и Олимпик Марсеј (Франција).
На островот од 21.00 Лестер ќе ја пречека Рома. За домаќинот треба да истрчаат: Шмајхел, Переира, Фофана, Еванс, Кастан, Медисон, Тилеманс, Хол, Барнс, Варди, Олбрајтон. За „волчицата“ се очекува да стартуваат: Патрисио, Манчини, Смолинг, Ибанез, Карсдорп, Кристанте, Мхитарјан, Залевски, Пелегрини, Заниоло и Абрахам.
Вториот меч во вечерниот термин ќе го одиграат Феенрод и Олимпик Марсеј. За домаќинот во првите 11-ет треба да бидат: Марсијано, Геертруда, Траунер, Педерсен, Маласија, Орнес, Нелсон, Линсен, Кокју, Синистера и Десерс. Французите веројатно ќе започна со : Манданда, Лирола, Салиба, Цар, Перез, Гендузи, Камара, Герсон, Јундер, Милик и Паје.