Герет Саутгејт во наредните 48 часа треба да потпише нов четиригодишен договор и да остане селектор на фудбалската репрезентација на Англија.
Тој пред две години го наследи на кормилото Сем Алардајс кој изненадувачки се повлече. Договорот на Саутгејт треба да истече по Евро 2020. Се претпоставува дека искусниот тренер кој сега заработува по 1 милион фунти годишно, ќе добие далеку подобри финансиски параметри и дека платата ќе му се зголеми на три милиони.
Бидејќи одборот на фудбалска асоцијација на Англија во изминатата недела гласаше позитивно за продолжување на соработката со Саутгејт, преговорите најверојатно ќе бидат само формалност.