Швајцарија и Англија го одиграа натпреварот за трето место во Лига А од Лигата на нации, а поуспешен беше тимот на Англија по подобро изведување пенали и со тоа го освои 3-то место во ова натпреварување.
На стадионот „Афонсо Енрикес“ во Гимараеш се одигра овој натпревар кој беше далеку од интересен и квалитетен, како играчите на двата тима повеќе мислеа на летниот одмор, а не за тоа кој ќе победи на оваа средба.
Па откако мечот заврши без голови во рекуларните 90 минути, се играа и дополнителни 30 минути, но и тие не дадоа победник, па затоа пеналите одлучуваа кој ќе биде трет, а кој четврт во Лигата на нации. И двете репрезентации беа прецизни во првите 5 серии, за во шесттата серија да погоди Даер за Англија, а да промаши Дрмиќ за Швајцарија и со тоа да биде решен победникот на оваа средба.