Селекторот на данската репрезентација Каспер Хјулман поред полуфиналниот натпревар на ЕП 2020 со репрезентацијата на Англија вели дека пред нив е најтешкиот ривал досега.
„Ние нема да се откажеме само од иницијативата и да се изневериме себеси. Ќе се обидеме да играме што е можно поактивно и да прикажеме интересен фудбал. Во исто време, ние многу добро знаеме дека Англичаните ќе го сторат истото. Со истиот став ќе пристапат кон натпреварот. Англија нема слаби точки. Сè ќе се решава во ситници, мора да играме на нашите адути. На седум натпревари немаат примено ниту еден гол, ова е многу силен тим кој нема слабости, но ние ќе се обидеме да најдеме начин да ги победиме“, вели Хјулман.

