По цели 28 години, Англија повторно ќе игра во полуфиналето на Светското првенство. Фудбалерите на Англија успеаја да се пласираат меѓу најдобрите 4 селекции на СП во Русија откако ја совладаа Шведска со 2:0. Погодоците ги постигнаа Хари Мегваер (30) и Деле Али (59).
Повторно, голем адут на англискиот селектор Герет Саутгејт беше скок играта. Англичаните практично со многу малку идеа дојдоа до предност и победа. Многу добар натпревар на голот на Англија имаше голманот Џордан Пикфорд, кој ги спаси сите удари во рамката на својот гол и со тоа ги откажа шведските напаѓачи.
За последен пат англискиот тим беше во топ 4 во 1990 година на шампионатот во Италија. Тогаш Британците загубија несреќно во полуфиналето од Германија на пенали (3:4), а потоа загубија 1:2 од “азурите” во натпреварот за третото место.